Почетна

ВИДИ ПОВЕЌЕ
ЗА НАС

 

MindLab нуди уникатни третмани со STARSTIM tCS стимулациски уред , чии софтвер опфаќа следење и подобрување на мозочната функција и менталното здравје. Уредот се користи за лекување на депресија, анксиозност, несоница, хронична болка, зголемување на внимание, подобрување на математички способности, решавање проблеми, меморија и координација, зголемување на мотивација и перформанс кај спортисти.

MindLab, исто така, нуди индивидуална и групна терапија за сите психијатриски состојби депресија, анксиозност, OCD, психотични нарушувања, партнерска терапија. Когнитивно бихејвиорална терапија (КБТ), ЕМДР терапија, VR (терапија со виртуелна реалност) со Limbix, https: //www.limbix.com/,VR платформа  дизајнирана за психотерапевти која се користи за лекување на фобии, социјално анксиозно растројство а исто така и за mindfulness и релаксација.

Забелешка: за сите информации што се откриени и споделени дискрецијата е целосно загарантирана низ целиот процес.

Тина Темелковска

психијатарот
ИСПРАТИ Е-МАИЛ

Кратка биографија за психијатарот


Тина Темелковска е специјалист психијатар  во Скопје, а исто така  КБТ( когнитивно бихејвиорална терапија) терапевт. Едуцирана во EMDR терапија, tCS (транскранијална струјна стимулација), VR (виртуелна реалност) терапија.

Д-р Темелковска  завршила специјализација по психијатрија во Скопје 2012 година ,а дел од  нејзиното образование во областа на клиничка психијатрија и психотерапија го завршила во Љубљана, Словенија и Белград, Србија. Д-р Темелковска, исто така, има обука за tDCS, транскранијална директна струјна стимулација во Neuroelectrics, Барселона и Neuromodulationlab., Сингапур.  КБТ завршила во Загреб (ХУБИКОТ – Хрватска),  ЕМДР  едукација во Загреб во австриско-хрватскиот тренинг центар.

Copyright Reserved © MindLab 2017

. contact@mindlab.mk . ‎+38970331625

За нас

MindLab е психијатриска ординација основана во Скопје, јануари 2018г од страна на д-р Тина Темелковска . Ординацијата нуди психијатриско и психолошко советување, дијагностицирање и лекување на лица со проблеми во областа на  менталното здравје.

Лабораторијата обезбедува современи третмани кои ја инкорпорираат најновата технологија и достигнувања во медицината и психијатриската наука.

Нашите доктори

ТРЕТМАНИ
ТРЕТМАН

Неуромодулација + Невропластичност = Трансформација


Нашиот мозок постојано се менува со секое ново искуство и мисла. Модулацијата на мозокот и нервниот систем со помош на неинвазивна електрична стимулација може да создаде корисни, позитивни промени во начинот на кој размислуваме, се движиме и се чувствуваме. Неуромодулацијата ја стимулира невропластичноста, што може да резултира со физичка и ментална трансформација.

 

”Body Electric”

Терминот “Body Electric” се базира на препознавање на електричната енергија  како природен дел од енергетскиот екосистем на нашето тело. Ние сме електрични. “Body Electric” е терминологија која се користи во  невромодулација и невропластичност за подобро да ја искористиме енергијата на нашето тело од природните електрични сигнали за зајакнување на нервните врски. Ова резултира со зголемена невронска комуникација која им овозможува на нашите биоелектрични способности да функционираат подобро.” Body Electric” препознава дека умот не е само место, туку синхронизирана активност на телото и мозокот, кои треба да работат заедно за да дадат оптимални перформанси. Јазикот на нашите мисли е разговор од 86 милијарди неврони низ нашето тело. Тоа е течен дијалог на трилиони синапси кои пулсираат во мозокот, телото и умот во бранови на електрични податоци. Овие бранови на податоци може да се модулираат со неинвазивна електрична стимулација, која може да помогне во лекувањето, подобрување на заздравувањето или да ги оптимизира физичките перформанси и менталната острина.

 

tDCS


tDCS, односно, транскранијална директна струјна стимулација е добро истражен,  неинвазивен, безбеден и безболен мозочен стимулативен третман. tDCS е форма на невростимулација (исто така позната како невромодулација), каде со многу ниски нивоа на директни електрични струи се стимулираат или инхибираат одредени делови од мозокот , со што се постигнуваат одлични резултати. Постојана струја со низок интензитет се пренесува преку две електроди поставени над главата со што се модулира невронската активност. Постојат два типа на стимулација со tDCS: анодна и катодна стимулација. Анодна стимулација делува за да се возбуди (екцитира) невронската активност, додека катодната стимулација ја инхибира или ја намалува невронската активност. Првично беше развиена за да им помогне на пациентите со повреди на мозокот, мозочни удари, но испитувањата на здрави возрасни лица покажаа дека tDCS може да ги зголеми когнитивните перформанси на различни задачи, во зависност од областа на мозокот што се стимулира. Научните студии покажаа дека tDCS има способност да ги подобри јазичните и математичките способности, вниманието, решавањето на проблеми, меморијата и координацијата (поради што често се користи кај ученици и студенти за подобрување на своите резултати).  Покрај тоа, tDCS почнува да зазема многу висока позиција и во полето на психијатрија, каде има импресивни резултати во лекување на депресија, анксиозност, PTSD, како и хронична болка ( во комбинација со или без медикаментозна терапија).

 

Психијатриска ординација др. Тина Темелковска користи STARSTIM 8 (tCS ,8 канален неуростимулаторен систем), производ на компанијата Neuroelectrics, воедно единствен во Република Македонија.

 

Како се користи ?

Најновите клинички истражувања препорачуваат користење на многу ниски нивоа на струја , во опсег од 0.5 – 2.0mA, спроведени преку две електроди, анода и катода. Времетраењето на еден третман во зависност од индикацијата е помеѓу 15-30 мин., најчесто 20-30 мин. Третманите се изведуваат најчесто 10 дена (по 5 работни дена, со викенд пауза) , по една сесија на ден од времетраење на 20-30мин. Доколку има потреба третманот се продолжува и наредните месеци ,само по еден третман месечно. Кај третмани што се користат подолг период ефектите се подолготрајни (неколку месеци)  ефектот е уште подолг ако се користат третмани на одржување  еднаш месечно. Кај индивидуални сесии  резултатите траат околу 2 часа (овие третмани се користат најчесто кај спортисти пред самиот настап за зголемување на спортскиот перформанс).

 

EMDR


ЕМДР, е моќна нова психотерапевтска техника која е многу успешно се применува кај  луѓе кои страдаат од траума, панични напади, вознемирувачки спомени, посттрауматски стрес и многу други емоционални проблеми.  Во областа на ПТСД (пост трауматско стресно растројство), ЕМДР денес се вбројува во методите за кои има најмногу истражувања, и докажано е една од најефикасните методи за третман и лечење на ПТСД и траума воопшто.

 

ЕМДР се смета за најефикасна терапија поради  фактот дека може да донесе брзо и трајно олеснување за повеќето типови на емоционални проблеми.

ЕМДР е најефективниот и брз метод за лекување на ПТСД (Посттрауматско стресно растројство) и траума.

 

За време на изведување на техниката клиентот истовремено се концентрира на внатрешната трауматска слика и природната позитивна или негативна процена во однос на себе, своите емоции и телесни сензации, притоа истовремено обрнувајќи внимание на надворешен стимулус (билатерален/бифокален визуелен или тактиленстимулус).

 

 

При кои состојби ЕМДР е ефикасен?

Губење на некој близок
сообраќајна несреќа
пожар
повреда на работа
грабеж
силување
природна катастрофа
болест
сведок на насилство
сексуална злоупотреба
жртва на насилство
траума
депресија
анксиозност и панични напади
фобии
стравови
трауми од детството
физичка злоупотреба
посттрауматски стрес
панични напади
ниска самодоверба

ЕМДР е природен процес.  Целта на ЕМДР е да му помогне на клиентот побрзо да ја врати својата психичка стабилност во животот и да ја замени својата состојба на анксиозност и страв со позитивни слики, мисли и емоции.

Виртуелна реалност


Виртуелната реалност терапија, исто така позната  и како компјутеризирана КБТ, ја претставува употребата на технологијата и виртуелната реалност во психотерапија. Пациентите кои користат терапија со виртуелна реалност се движат низ дигитално создадените средини и извршуваат специјално дизајнирани задачи кои често се прилагодени за лекување на одредена состојба. Широко се користи како алтернативна форма на експозициона терапија, во која пациентите комуницираат со безопасни виртуелни претстави на трауматски стимулуси, со цел да се намалат одговорите на стравот. Се покажа дека е особено ефикасен во третманот на Посттрауматско стресно растројство, различни видови на фобии и анксиозни нарушувања. Во Психијатриска ординација- др. Тина Темелковска  ние користиме модерна, специјално дизајнирана VR платформа од Limbix. Limbix VR им овозможува на пациентите да комуницираат со луѓе и места во автентични, виртуелни средини. Пациентите можат да се соочат со своите стравови, да вежбаат разговори, да ги посетат оддалечените локации и да се релаксираат во мирни смирувачки средини. Лимбикс VR средини се изградени од панорамски слики и видеа, наместо анимирана графика. Ова им овозможува на нашите VR-сцени да се чувствуваат по-автентични – пациентите имаат вистинско “присуство” со висцерални сензации. Со Limbix можеме да  третираме  фобии од возење, агорафобија, страв од летање, страв од јавен настап, а исто така и техники на релаксација.

 

 

 

КБТ


Когнитивно бихеивиорална терапија (КБТ) е кратка временски ограничена, структурирана, проблем ориентирана психотерапија насочена кон решавање на тековните проблеми и совладување  вештини за менување на дисфункционалното размислување и однесување. КБТ е психотерапија која се заснова на когнитивниот модел: нашите мисли ги предизвикуваат нашите емоции и нашето однесување, а не надворешните случувања сами по себе. Тоа значи дека е возможно да се чуствуваме и однесуваме добро и покрај тоа што несаканата ситуација е присутна или не е променета. Начинот на кој поединци ја доживуваат ситуацијата е повеќе поврзана со нивната реакција отколку самата ситуација

Еден важен дел од КБТ е да им помогне на клиентите да го променат своето бескорисно негативно размислување и однесување што доведоа до трајно подобрување на нивното расположение и функционирање. КБТ користи различни когнитивни техники и бихеивиорални техники, кои откако ќе се совладаат клиентот има можност да ги користи и понатаму во секојдневниот живот.КБТ се користи за да помогне во лекувањето на широк спектар на прашања во животот на една личност, од проблеми со спиењето или партнерски проблеми,  генерализирано анксиозно растројство , депресија, панични напади, ОЦД, ПТСД, фобии, нарушувања во исхрана, Burnout, problem solving. КБТ работи на менување на ставовите на клиентите и нивното однесување фокусирајќи се на мислите, сликите,базичните верувања и ставовите кои го одржуваат когнитивниот процес на личноста и како овој процес е поврзан со начинот на кој едно лице се однесува, како начин на справување со своите емоционални проблеми.
Важна предност на когнитивната бихејвиорална терапија е тоа што е временски по кратка, потребни се пет до десет месеци за повеќето емоционални проблеми. Клиенти имаат една сесија неделно, секоја сесија трае околу 45 минути. Во ова време, клиентот и терапевтот работат заедно, и заедно  развиваат стратегии за справување со поставените проблеми . КБТ им претставува на клиентите   збир на принципи кои тие можат да ги применуваат кога и да има потреба во текот на целиот  живот.

Copyright Reserved © MindLab 2017

. contact@mindlab.mk . ‎+38970331625

ТРЕТМАН

ТРЕТМАНИ

ВИДИ ПОВЕЌЕ
БЛОГ
БЛОГ
КОНТАКТ
  • Васил Ѓоргов 31/I-лок,20

  • ‎+38970331625

  • contact@mindlab.mk
  • Понеделник : 11:00 - 19:00
    Вторник - Петок : 8:30 - 16:30